Зимски олимписки игри 1932com02.svgoadpg1altdia, 4lewpemlatikiidcjpg80p8a.and
| III Зимски олимписки игри - Лејк Плесид 1932 | |
| Град домаќин | Лејк Плесид, САД |
| Број на држави | 17 |
| Број на спортисти | 252 |
| Број на спортови | 4 |
| Број на натпревари | 14 |
| Отворање | 4 февруари 1932 |
| Затворање | 15 февруари 1932 |
| Стадион | |
III Зимски олимписки игри се одржале од 4 февруари до 15 февруари 1932 година во Лејк Плесид, САД. Игрите требале да се одржат во Биг Пинес, Калифорнија, но поради времеснките услови и недостатокот од снег, биле префрлени во Лејк Плесид.
Игрите се одржале во време на големата економска криза, со што организацијата била отежната и делумно трошоците за организација биле покриени со приватни донации.
Содржина
- 1 Краток преглед
- 2 Спортови
- 3 Распоред на натпревари
- 4 Земји-учеснички
- 5 Освојувачи на медали
- 6 Поврзано
- 7 Надворешни врски
Краток преглед[уреди | уреди извор]
- Игрите официјално биле прогласени за отворени од страна на гувернерот на Њујорк, Френклин Делано Рузвелт, кој истата година бил избран за претседател на САД.
- Соња Хени го одбранила златото, освоено во уметничко лизгање во женска конкуренција од претходните игри. Златото го одбранила и француската спортска двојка Андре Жоли и Пјер Бруне, но истото не успеал да го направи Гилис Графстром, кој завршил втор, зад Австриецот Карл Шрефер, со што не успеал да го освои и четвртото последователно злато на Олимписките игри.
- Ирвинг Џафи победил во трките на 5000 и 10000 m во брзо лизгање, победувајќи го во трката на 10000 m првакот од претходните игри и актуелен светски рекордер Ивар Балангруд, со предност помала од 5 m.
Спортови[уреди | уреди извор]
Медали биле доделени во 14 дисциплини во 4 спортови. Демонстративни спортови биле карлингот, трки со санки, влечени од кучиња и брзо лизгање за жени.
|
|
Распоред на натпревари[уреди | уреди извор]
Во продолжение е даден распоред на натпреварите по натпреварувачки денови, но само во спортовите за кои биле доделени медали.
| ● | Церемонија ан отворање | ● | Квалификациски натпревари | ● | Финални натпревари | ● | Церемонија на затворање |
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | Вкупно | |||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Церемонии | ● | ● | |||||||||||||
| Боб | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||
| Брзо лизгање | 2 | 1 | 1 | 4 | |||||||||||
| Нордиска комбинација | 1 | 1 | |||||||||||||
| Скијачко трчање | 1 | 1 | 2 | ||||||||||||
| Скијачки скокови | 1 | 1 | |||||||||||||
| Уметничко лизгање | 1 | 1 | 1 | 3 | |||||||||||
| Хокеј на мраз | 1 | 1 | |||||||||||||
| Вкупно | 2 | 1 | 1 | 1 | 3 | 3 | 2 | 1 | 14 | ||||||
Земји-учеснички[уреди | уреди извор]
Поради влијанието на големата економска криза, на игрите учествувале само 252 спортисти од 17 земји. Немало земји, кои за прв пат испратиле спортисти, а учеството во однос на претходните игри го откажале: Аргентина, Естонија, Летонија, Литванија, Луксембург, Мексико, Холандија и Кралството Југославија.
|
|
Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]
| Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 6 | 4 | 2 | 12 | |
| 2 | 3 | 4 | 3 | 10 | |
| 3 | 1 | 1 | 5 | 7 | |
| 4 | 1 | 2 | 0 | 3 | |
| 5 | 1 | 1 | 1 | 3 | |
| 6 | 1 | 1 | 0 | 2 | |
| 7 | 1 | 0 | 0 | 1 | |
| 8 | 0 | 1 | 0 | 1 | |
| 9 | 0 | 0 | 2 | 2 | |
| 10 | 0 | 0 | 1 | 1 |
Поврзано[уреди | уреди извор]
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Portal/images/o' not found
- Олимписки игри
- Зимски олимписки игри
- Меѓународен олимписки комитет
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
| „Зимски олимписки игри 1932“ на Ризницата ? |
- Лејк Плесид 1932, МОК
| |||||||||||||||||
|